Home » (Видео) Детали за ликвидацијата на Оки: Пукале две лица од мотор, носеле фантомки

(Видео) Детали за ликвидацијата на Оки: Пукале две лица од мотор, носеле фантомки

by Журнал.мк

Ликвидацијата на Орган Бајрами-Оки била извршна од две лица, на отворен простор, дознава „Макфакс“. Според неофицијални информации со кои располагаат и надлежните органи во Македонија, извршителите на убиството биле со мотор и фантомки на глава. На местото, се пронајдени десетици чаури од истрелите. Лицата ја знаеле трасата на движење на Бајрами-Оки, но и на неговиот партнер Сеад Слезовиќ кој е тешко повреден и во животна опасност. Пукањето, според првичните информации кои треба и да се потврдат, било од две оружја, односно двете лица.

Сомнежите се дека оваа ликвидација била планирана подолго време. Двете лица кои беа мета биле и следени. Грчките медиуми ги претставија како: „туристи од Северна Македонија“, а не се знае колку време престојувале таму, како и дали очекувале дека им се спрема ликвидација.

„Макфакс“ објави детали за ликвидираниот македонски државјанин во Грција, Орхан Бајрами – Оки кој и е познат на македонската јавност како дел од мафијашкото подземје. Го сметаа за неформален лидер на т.н. групата „Дуќанџик“.

Досега, грчките медиуми известија дека 39-годишен бизнисмен, сопственик на казино во Македонија е застреланиот од непознати лица на Халкидики со над 20 куршуми, а неговиот пријател е тешко ранет. Орхан Бајрами (роден 1984 година) е мртов, а Сеад Слезовиќ (1978) е повреден. Двајцата бизнисмени биле активни во Македонија, во казино и фабрика за пијалоци, пишуваат грчките медиуми.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More