Шпанецот Карлос Алкараз по изненадувачкиот пораз на стартот од турнирот во Торино во мечот со Каспер Руд денеска со 2:0 во сетови беше подобар од Андреј Рубљов (6:3, 7:6).
Во натпреварот против Руд кој го загуби можеше да се забележи дека Алкараз има одредени здравствени проблеми, но за денес успеа да се одмори и да слави. Со овој триумф, Алкараз ги задржа шансите за пласман во полуфиналето, а во третото коло го очекува меч против Германецот Александар Зверев.