Силен ветар во Битола откорна покрив од зграда кој падна врз автомобил, за сега не информации за повредени лица. Граѓаните вознемирани ги предупредуваа соседите да внимаваат и да не минуваат покрај зградата на улицата Леринска. Засега нема информации за повредени лица, но направена е материјална штета. Исто така, ветрот урна и ограда со која беше заштитен градежен плац каде се гради зграда во старата битолска Касарна.
Од УХМР инфомираат дека ветрот има југоисточен правец и на моменти достигнува брзина од над 65 километри на час, а се очекува негов засилување во попладенвните часови кога ќе го менува и правецот на движење од југоисточен во северен. Намалување на интензитетот на ветрот се најавува во текот на ноќта.