Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Жоел Матип, е пред трансфер во Вест Хем, откриваат англиските медиуми. Камерунецот е слободен агент откако неговиот договор со „црвените“ истече на крајот од минатата сезона.
Матип и „чеканите“ се блиску до „дил“ за краткорочен договор, кој ќе трае до крајот на сезоната, со можност за продолжување за уште една година.
Вест Хем се стреми да засили својата одбрана по продажбата на урт Зума и Најеф Агер на крајот од летниот трансферен прозорец.
Со своето долгогодишно искуство во Премиер – лигата, Матип не би имал потреба од многу време за адаптација на играта во Англија.