„Ferrari“ и доверливост не се два збора кои нужно одат рака под рака. Сепак, имајќи предвид дека многу од постарите автомобили на марката поминуваат повеќе време во гаражата, не е изненадување што 90% од сите „Ferrari“ некогаш произведени сѐ уште се на пат.
Оваа бројка ја објави шефот на програмата за користени автомобили на „Ferrari“ – Андреа Сциолети. Тој ги откри овие бројки на презентацијата на новата програма за сертифицирани автомобили од марката на медиумски настан одржан во Маранело.
„Повеќе од 90% од вкупното производство на „Ferrari“ – над 300.000 автомобили – се уште е во движење. Поседувањето на користен автомобил многу помага во привлекувањето на нови луѓе кон брендот, па затоа создадовме неколку програми за да ги задржиме овие автомобили што е можно подолго“, коментира Сциолети.
Италијанскиот производител е познат по тоа што нуди неограничена гаранција за речиси секој нов модел, а истовремено обезбедува сосема нови делови за своите класици. Многу сопственици пристапуваат до брендот за прв пат преку програмата за користени автомобили на „Ferrari“ – „Ferrari Approved“, која во суштина ги враќа користените модели назад во фабричка состојба. Компанијата потоа нуди гаранција до 24 месеци (или 120.000 km) за модели стари до 16 години.
Цитираната бројка од 90% се рангира меѓу највисоките за која било марка на автомобили. Се проценува дека над 80% од сите модели на „Тoyota“ продадени пред повеќе од 20 години сè уште се во употреба. Исто така, се проценува дека околу 70% од сите автомобили на „Porsche“ се исто така на патиштата. Овие две марки произведуваат многу повеќе автомобили од „Ferrari“, но сепак достигнувањето на Италијанците е извонредно.