Home » Верификувани мандатите на новите пратенички Санела Шкриељ и Марија Кочовска

Верификувани мандатите на новите пратенички Санела Шкриељ и Марија Кочовска

by Журнал.мк

Собранието денеска на 61. седница ги верификуваше мандатите на новите пратенички, Санела Шкриељ и Марија Кочовска. Тие доаѓаат на местото на Славјанка Петровска, која сега ја извршува функцијата министер за одбрана и на местото на Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е министерка за култура.

Вкупно гласаа 90 пратеници, од кои 89 гласаа „за“, еден воздржан и ниту еден против.

По верификацијата, новите пратенички влегоа во собраниската сала и учествуваа во работата на седницата. Мандатите на новите пратенички вчера ги потврди Државната изборна комисија (ДИК) на својата 43-та седница.

На денешната седница пратениците ја поддржаа Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ) и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

Потоа претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата, затоа што за останатите точки од дневниот ред не расправале матичните собраниски комисии. Пратениците дополнително ќе бидат информирани за продолжување на седницата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More