Home » Венецуелската опозиција ќе му понуди гаранции на Мадуро доколку доброволно замине од власта

Венецуелската опозиција ќе му понуди гаранции на Мадуро доколку доброволно замине од власта

by Журнал.мк

Лидерот на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо денеска изјави дека ќе му понуди „безбедносни гаранции“ на претседателот Николас Мадуро доколку доброволно ја напушти власта.

Мачадо додаде дека меѓународните сили се одговорни и за она што се случува во Венецуела и повика на поголемо учество на меѓународната заедница.

Опозицијата во Венецуела ја оспорува победата на Мадуро на претседателските избори на 28 јули и тврди дека нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија, кој е признаен за претседател од САД и неколку земји од Латинска Америка, е победник на изборите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More