Home » Велковски: Укажување за користење движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборната кампања, во согласност со изборниот законик

Велковски: Укажување за користење движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборната кампања, во согласност со изборниот законик

by Журнал.мк

Техничкиот министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска до директорите на Центрите за социјална работа, Меѓуопштинските центри за социјална работа, Јавните установи и сите чинители на избрани и именувани функционери кои се под капата на ова министерство испратил укажување за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборната кампања, а во согласност со изборниот законик, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

– Укажувањето се однесува на законско користење на канцеларискиот простор, канцелариската опрема и службените возила на државните органи за време на изборната кампања и тоа за Избори за претседател на Република Северна Македонија 2024 година и Избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Непочитувањето на обврските и забраните од укажувањето повлекува кривично – правна одговорност согласно законските прописи, се вели во соопштението.

Од МТСП посочуваат ако граѓанините во наредниот период забележат злоупотреба на ресурси, агитирање, партиски активности, злоупотреба за службената положба во функција на влијаење на слободната волја на граѓаните веднаш тоа да го пријават во ресорното министерство на 02/3106456 или на емаил kabinet@mtsp.gov.mk

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More