Home » Велковски со апел до пратениците на СДСМ и ДУИ: Не терајте политика на грбот на децата, 5 минути работа е да ги изгласате измените

Велковски со апел до пратениците на СДСМ и ДУИ: Не терајте политика на грбот на децата, 5 минути работа е да ги изгласате измените

by Журнал.мк

Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски вели дека Собранието одбива да го стави на дневен ред предлог законските измени на Законот за заштита на децата, а чија што цел е решавање на проблемот со недостаток на лиценциран стручен кадар во градинките во Македонија.

„Морам денеска со жалење да истакнам дека Собранието кое што има само уште неколку дена работа до конечно распуштање, дневните редови ги направи а точката за измена на законот за заштита на децата не е ставена на дневен ред. Наместо да се грижиме за 5.000 дечиња кои што не се во детските градинки, да се грижиме да имаме негуватели, воспитувачи и стручен кадар којшто ќе може да влезе во процесот на вработување веднаш по завршување на изборите, денеска на грбот на децата некој тера политика за да децата за жал немаат детска заштита во градинките“, реагира Велковски.

Над 5.000 деца во Македонија се на листите на чекање за згрижување во детска градинка, додека пак над 1.000 лица од 2021 година до сега чекаат да добијат лиценцирање како би го пополниле недостатокот од стручен кадар во градинките во градовите низ Македонија. Министерот Велковски веднаш упати апел до пратениците во собранието да се одважат и да ја стават оваа точка на дневен ред во којашто е предвидено согласно законот за лиценцирање да се дозволи и хартиено полагање на овој испит за добивање на лиценци.

„Тоа е ситуацијата денеска со лиценците. За жал неколку пати направив повик до Собранието и пратениците еве и денеска нека се одважат. Уште 4-5 дена имаат работа, нека ја стават оваа точка на дневен ред, а 5 минути работа е да ја изгласаат, порачува техничкиот министер за труд и социјална политика“, Ѓоко Велковски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk