Home » Велковски: Цените на становите не се реални, треба да се движат до 2 илјади евра за метар квадратен

Велковски: Цените на становите не се реални, треба да се движат до 2 илјади евра за метар квадратен

by Журнал.мк

Никола Велковски од здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека цените на становите за метар квадратен не е се реални.

„Се повисоки, доста повисоки. Вистина е дека комуналиите во меѓувреме отидоа, сега се комуналиите во оваа зона кај што е цената на становите од 2300 до 2500, е 170 евра и сега зголемен е реонот. Тој реон порано беше многу пократок, малиот и големиот ринг, сега реонот на овие комуналии е од мостот „Обединети нации“ до булеварот „Србија“. Ова е најголемиот опфат во град Скопје“, вели Велковски.

Како што додава, уште една причина за повисоки цени на становите се и зголемените услови на сопствениците на земјиштата на градежните парцели, кои виделе дека и градежниците ги зголемуваат цените.

„Ако порано беше 25, 26, 27% да се отстапи, ако не се купува во готово, да се плати локацијата и земјиштето за градба, сега отиде 30, 35, па некаде и 40% што исто така е нереално од нивна страна за барање на ваква отстапка за простор што го отстапуваш да се гради“, додава Велковски.

Според него, цените на најдобрите локации на градското подрачје треба да се движат до 2000 евра за метар квадратен, додека пак се нагоре што ќе оди е нереално.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk