Home » Велешанка преку автобус испратила 600 евра на непознато лице, оти и ветиле дека ќе добие награда од 20.000 евра

Велешанка преку автобус испратила 600 евра на непознато лице, оти и ветиле дека ќе добие награда од 20.000 евра

by Журнал.мк

Пензионерка од Велес била измамена и останала без 600 евра, откако непознато лице пред два дена и се јавило и и кажало дека е добитничка на награда од 20.000 евра.Но, за да ги добие парите од наградата, првин требало да испрати преку автобус до Скопје сума од 600 евра.

Таа без многу размислување ги испратила парите преку автобус, но потоа лицето пак и се јавило, барајќи и уште 1.500 вера, со образложение дека ако испрати повеќе пари, ќе добие поголема награда.

Тогаш на 75-годишната велешанка и станало јасно дека е измамена, па вчера го пријавила случајот во полиција.

Од СВР Велес го потврдија настанот, и велат дека се превземаат мерки за расчистување на истиот.

Од МВР редовно се апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви и слични измами, во кои измамници им ветуваат лесна заработка на пари, но сепак, очигледно дека желбата да се дојде до финансии е поголема, па се почесто се занемарува ризикот и секојдневно расте бројот на измамени лица.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk