Home » Велешанец каснат од навидум безопасно животно – морал во болница

Велешанец каснат од навидум безопасно животно – морал во болница

by Журнал.мк

Видра нападнала велешанец, го каснала и морал да бара помош во велешка болница. Настанот се случил на 5 јануари во вечерните часови, кај Капиновски вирови, преградени на реката Бабуна.

„Во езерцата чувам крапови и вечерта околу 20ч. кога сакав да уловам крап, го осветлив просторот со батериска лампа, некое животинче скокна и ме касна. И тоа преку јакна, облека за десната рака. Парче месо ми скина, видов дека е видра, морав да барам помош од доктор“ – ракажа лицето за ТрМр, кое било каснато, на 47 годишна возраст.

Во велешка болница го потврдија настанот.

„Вечерта на 5 јануари, околу 21,30ч. на Ургентното одделение е дојден пациент кој се пожалил на каснување од видра на десната надлактица. Извршена е хируршка интервенција и пуштен на домашно лекување“- кажа д-р Билјана Босилкова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Досега во велешка болница не помнат дека имале интервенција врз пациент, кој бил повреден од каснување на видра.

Видрата е месојаден цицач од семејството на куните. Таа е добро прилагодена за живот во слатки води. Познати се како екстремно вешти пливачи. Видрите пред сè се хранат со риба, активни се ноќе.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk