Home » Вечерва во Мостар, во Херцеговина, почина 39-годишна жена која попладнето била застрелана со огнено оружје од нејзиниот партнер, јавија локалните медиуми. Ова го потврди Људевит Мариќ, портпарол на Полициската управа на МУП на Херцеговско-неретванскиот кантон. Како што соопштија од болницата, несреќната жена била примена на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување со тешки повреди нанесени од огнено оружје, и била оперирана. Но, и покрај напорите на лекарите, таа им подлегнала на повредите. Нејзиниот партнер, со кого живеела, Ѓ.Ѓ. (46) е уапсен, потврди дежурната обвинителка. Како што рече таа, преземени се сите потребни истражни дејствија со цел да се утврдат сите факти и околности за овој трагичен настан кој ги вознемири жителите на Мостар. Соседите ја повикале полицијата откако слушнале истрели од станот на двојката.

Вечерва во Мостар, во Херцеговина, почина 39-годишна жена која попладнето била застрелана со огнено оружје од нејзиниот партнер, јавија локалните медиуми. Ова го потврди Људевит Мариќ, портпарол на Полициската управа на МУП на Херцеговско-неретванскиот кантон. Како што соопштија од болницата, несреќната жена била примена на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување со тешки повреди нанесени од огнено оружје, и била оперирана. Но, и покрај напорите на лекарите, таа им подлегнала на повредите. Нејзиниот партнер, со кого живеела, Ѓ.Ѓ. (46) е уапсен, потврди дежурната обвинителка. Како што рече таа, преземени се сите потребни истражни дејствија со цел да се утврдат сите факти и околности за овој трагичен настан кој ги вознемири жителите на Мостар. Соседите ја повикале полицијата откако слушнале истрели од станот на двојката.

by Журнал.мк

Денеска овдека сме да ја испратиме онаа порака која што до сега ја испраќавме, а тоа е дека македонската Влада останува фокусирана на реформи, останува фокусирана на обезбедување подобри услови за живот на македонските граѓани и нормално наша главна цел останува да биде полноправно членство на нашата Македонија во рамките Европската Унија.

Денеска имав можност да остварам две билатерални средби. Едната е со госпоѓата Марта Кос којашто е новиот комесар за проширување и господинот Антонио Кошта којшто е новиот претседател на Европскиот Совет. И на двете средби во исклучително пријателска, и би рекол срдечна и конструктивна атмосфера разговараме за сето она што ние досега го имаме поминато како предизвик во минатото, за сето она кое што ние требаше и се откажавме во името на европските вредности, но истовремено ги реафирмиравме нашите ставови дека ултиматуми не прифаќаме, дека сме подготвени да разговараме и подготвени сме да разговараме онолку колку што е потребно за да најдеме начин како да го отвориме првиот кластер, брзо да го поминеме тој процес на преговори и да станеме земја членка во Европската Унија.

Остануваме посветени на обезбедување подобар живот за нашите граѓани, а како дел од таа агенда е и нашата целосна инспирација да бидеме дел од европското семејство.“

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk