Во автобус на еден од приватните превозници, вечерва бил пронајден млад скопјанец кој бил прободен со остар предмет.
18годишниот скопјанец бил нападнат од две лица на постојката кај трговскиот центар Сити мол.
За кратко време по нападот, полицијата уапсила едно малолетно лице на возраст од 15 години кој признал дека го сторил делото.
Повредениот скопјанец е задржан на скопските клиники, а напаѓачот е задржан во полициска станица.