Годинешното 8-мо по ред издание на Џез Фактори Фестивал Битола, ќе се одржи од 17-ти до 19-ти април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар и Центарот за култура Битола, како и во неколку кафе барови.
Годинешното 8-мо по ред издание на Џез Фактори Фестивал Битола, ќе се одржи од 17-ти до 19-ти април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар и Центарот за култура Битола, како и во неколку кафе барови.
Фестивалот ќе биде отворен вечер од 20:00ч во Народниот театар во Битола со настапот на Laurant Coulondre. Тој е врвен француски џез пијанист, познат по својот иновативен пристап кон музиката. Добитник е на неколку престижни награди и соработувал со истакнати џез уметници како Paul Jackson и Pierre de Bethmann. Од 21 часот е настапот на Corey Wilcox и WORKING CLASS HEROES. Wilcox е мултиинструменталист со неверојатна техничка вештина и музичка разновидност. Како долгого-дишен член на Jazz At Lincoln Center Orchestra, настапувал на светски сцени како Carnegie Hall и Newport Jazz Festival.
Оваа година во програмата е и Џез работилницата за деца, што е од исклучително значење за едукација на младите и создавање џез публика. Ќе биде доделена наградата „Гоце Димитровски“, која се доделува во чест на еден од најзначајните македонски џез музичари. Таа има за цел да поддржи и инспирира нови генерации џез артисти.
На 18- ти, во 11 часот следува претставување на книгата на Ненад Георгиевски, Press and play, книга која ја истражува македонската музичка сцена. Веќе во 12 часот во Битолскиот театар е работилницата на светски познатата саксофонистка Swantje Lampert од Австрија. Концертната програма започнува во 20 часот со настапот на Триото на пијанистот Jaume Miquel од Кралството Шпанија. Од 21 часот следува настапот на саксофонистката и композиторка Swantje Lampert. Од 22 часот во Паб Бурбон Стрит Битола, настапува квартетот на Јован Цветковиќ од Македонија. На 19 ти, концертната програма започнува со битолчаните КОД 369, следува настапот на JFF Little Big Band, диригент Тони Китановски од Македонија.
На 19-ти април, од 10 во соработка со Здружението Пелагонија следува Годишна конференција на Асоцијацијата на џез фестивали, со цел размена на искуства и поддршка на европскиот џез. Оваа платформа создава нови можности за уметници, организатори и публика.
Годишно фестивалот реализира 9 концерти и 5 пропратни настани на сцената на Народен Театар Битола, како и локалните клубови и културни сцени со посетеност од над 2000 посетители. Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Шпанија, и Делегацијата на Европската Унија.