Home » Вечерва на Летната сцена „Славиша Кајевски“ концерт на Џорлев Мартин Животни и Елена Васова

Вечерва на Летната сцена „Славиша Кајевски“ концерт на Џорлев Мартин Животни и Елена Васова

by Lina Muslija

Серијалот на концерти под слоганот „Млади за млади“,  на летната сцена „Славиша Кајевски“ продолжува вечерва со настапите на Џорлев Мартин Животни и Елена Васова  . Концертот почнува во 20:30 часот.

Летната сцена „Славиша Кајевски“ 2025 – проект кој по втор пат ја продолжува традицијата на културно оживување на нашиот град, продолжува со нов концепт и хуманитарна мисија – културата како двигател на солидарноста.

 

Со овој проект, младите стануваат двигатели на солидарноста: сите средства од продажбата на билетите ќе бидат наменети за Support Кочани, односно за понатамошното лекување и рехабилитација на
повредените во трагедијата во Кочани.

Летната сцена „Славиша Кајевски“ премиерно беше отворена минатата година, како посвета на прерано починатиот актер којшто остави длабока трага во македонската култура. Таа ги обединува музичарите и сите други уметници со публиката на летната тераса покрај Вардар. Оваа година, шестдневната програма на летната сцена е во рамките на одбележувањето „80 години Македонски народен театар“.

 

Билетите по цена од 300 денари се достапни онлајн на веб-страницата www.mnt.mk, како и на билетарницата во МНТ, која отвора секој работен ден од 12:00 и работи до 20:00 часот.

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk