Home » Вечерно кино: Lando Noris вози McLaren P1 целосно изработен од Lego коцки!

Вечерно кино: Lando Noris вози McLaren P1 целосно изработен од Lego коцки!

by Lina Muslija

Во моделот се искористени над 340.000 парчиња Lego Technic и 768 Lego мотори.

 

Lego McLaren P1 во размер 1:1 се состои од 342.817 поединечни парчиња Lego Technic, користејќи 393 различни форми на коцки, вклучувајќи 11 направени специјално за оваа градба. Надворешноста е составена од флексибилни парчиња за да се добие заоблената форма, но и да се задржи цврстината при возење.

Моделот се напојува со 768 Lego мотори спакувани во осум моторни пакети. Покрај малите батерии, се користи и голема батерија за потребниот опсег од еден круг околу Silverstone. McLaren не сподели детали за шасијата, но според она што можеме да го видиме на видеото, сè освен тркалата, инструмент таблата и воланот се Lego делови.

„Откако работев на оригиналната програма P1 за McLaren, неверојатно е да се видат толку многу елементи од оригиналот оживеани од тимот на Lego Technic“, рече Ben Gulliver, директорот за тест и развој во McLaren. „Автомобилот беше икона на своето време. Се надевам дека преку оваа соработка со LEGO Group, ќе можеме да ја инспирираме следната генерација дизајнери и инженери да ги поместат границите на автомобилската иновација“.

 


You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk