Огромен број на скопјани синоќа покажаа интерес за јубилејниот настан во Градскиот парк во Скопје, но изутрината овој рекреативен центар беше преполн со смет.
Од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ објавија слики од состојбата на паркот во град Скопје по саботата вечерта, на кои може да се види како паркот се „гуши“ од ѓубре,
Екипите на терен утринава брзо го исчистија паркот од големо количество смет и отпад, се вели во соопштението на НП „Паркови и зеленило“.
Инаку синоќа настапуваа ѕвезди како Нокаут, Каролина и Влатко Стефановски, а поради големиот интерес, речиси блокирани беа сите околни сообраќајници.