Home » Васил Стерјовски: Во Албанија живеат над 100 илјади Македонци

Васил Стерјовски: Во Албанија живеат над 100 илјади Македонци

by Журнал.мк

Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, за албанската МЦН, зборува за бројноста на македонската заедница и каде главно е сконцентрирана.

Според него, македонската заедница реално брои над 100 илјади на целата територија на Република Албанија и доколку би бил спроведен реален попис тоа ќе се потврди.

– Македонската заедница официјално живее во областите Гора, Голо Брдо, Преспа, Врбник и областа Девол, долж албанско – македонската граница. За жал и ден денес се следи комунистичката политика, која нас Македонците не признава како малцинство само во областа Преспа, Општина Пустец. Не ги признаваат Македонците во Гора и Голо Брдо. Ним дополнително им се вршеше притисок и на другите пописи да не се изјаснуваат она што се – Македонци, рече Стерјовски.

Освен во овие области повеќе десетина илјади Македонци живеат во Тирана, Елбасан, Драч, Кукс и други градови.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk