Македонските претставници Васил Ангелов и Ангел Јунтев освоија второ место од стручното, односно новинарското жири на вечерта на забавна музика на меѓународниот младински музички фестивал во Маглај, Босна и Херцеговина.
Васил Ангелов пред публиката во Маглај настапи со Полско Цвеќе од легендарниот Тоше Проески, додека Ангел Јунтев ја испеа Лоше Вино чиј автор е Горан Бреговиќ.
Првите места според стручното и новинарското жири им припаднаа на пејачи од Босна и Херцеговина – Хана Талиќ од Какањ односно Марко Нинковиќ од Требиње.