Home » Вашингтон го зголемува притисокот врз Украина – ја прекинува размената на разузнавачки информации

Вашингтон го зголемува притисокот врз Украина – ја прекинува размената на разузнавачки информации

by Журнал.мк

Националниот безбедносен советник на САД, Мајк Валц потврди дека САД донеле одлука да се прекине со размена на разузнавачки информации со Украина. Размената на такви информации започна уште во првите денови на руската инвазија во 2022 година, но овој прекин доаѓа како рефлексија на драматичното влошување на односите помеѓу Киев и Вашингтон минатата недела, кога украинскиот претседател Володимир Зеленски предвреме го напишти состанокот во Белата куќа по тензичната прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп.

Нејасно е дали прекинот на размената на разузнавачки информации е целосен или делумен и колку долго ќе трае, но покрај обезбедувањето на оружје и размената на такви информации е една од клучните аспекти во одбраната од руските напади. Валц истакна дека може да се очекува помек став од САД кон Украина, доколку започнат преговори и се направат некои чекори за градење доверба.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон најави состанок на воените лидери од Европа во Париз следната недела. Тој изјави дека Европа мора да биде подготвена да продолжи без помошта од САД и ја нагласи потребата од зголемување на воениот буџет во Европа. Прекинот на разузнавачката поддршка може сериозно да ја наруши способноста на Украина да се брани, бидејќи се смета дека овие информации се клучни за стратешкиот и тактичкиот одговор на следните потези на Русија, како и за насочување на оружје и напад на руски позиции.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk