Home » Вархеји: Следната Европска Комисија ќе биде Комисија за проширување

Вархеји: Следната Европска Комисија ќе биде Комисија за проширување

by Журнал.мк

Еврокомесарот за проширување – Оливер Вархеји бара од идната Европска комисија многу посериозно да го сфати проширувањето, отколку што беше до сега.

На два месеца до одржувањето на европските избори Вархеји рече дека геополитичкиот пејсаж во Европа и околу Европа се промени, но позитивна опција е што проширувањето стана еден од главните приоритети не само во Унијата, туку и околу неа.

Вархеји во Брисел зборуваше дека на земјите од Западен Балкан веќе 21-на година им е ветено пристапување во Унијата и може многу да се дискутира зошто процесот траеше толку долго, но сега е јасно дека проширување со регионот, и со источните партнери, е еден од трите приоритети од следниот мандат на европските институции.

– Се надеваме дека следната Комисија ќе биде Комисија за проширување и се надеваме дека ќе имаме многу јасни одлуки насочени кон ова во текот на годината, за време на институционалната транзиција. Затоа што 21 година имаа свој данок на сите нас, не само во Европа каде што беше популарно да се каже дека има замор од проширувањето, туку и на Западен Балкан. Имаше свој данок, но сега мислам дека има повик за будење дека ако Европа не го спроведе проширувањето заради себе и заради свој интерес, може да се соочи со ризик да го загуби долгорочниот мир, стабилност и безбедност дури и во Европа – рече Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување.

Тој рече и дека Унијата јасно им порача на земјите од Западен Балкан дека работи уште понапорно за да биде подготвена да ги пречека како нови членки, но дека тоа е процес на исполнување на критериуми и трансформација.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More