Home » Вархеј: ЕУ мора да им понуди кредибилен пристапен пат на кандидатите за членство

Вархеј: ЕУ мора да им понуди кредибилен пристапен пат на кандидатите за членство

by Журнал.мк

На кандидатите за членство во ЕУ мора да им понуди кредибилен пристапен пат кој ќе донесе резултати во реформскиот процес и ќе го затвори економскиот јаз, изјави денеска европскиот комесар за проширување и соседство Оливер Вархеји.

Во објава на мрежата „Икс“ по обраќањето до амбасадорите на ЕУ, Вархеји рече дека проширувањето стана стратешки одговор на Унијата за да се донесе мир, стабилност и просперитет во фрагментираниот свет.

Вархеји денеска говореше на годишната Конференција на амбасадорите на ЕУ, што се одржува од 6 до 10 ноември во Брисел.

На конференцијата учествуваат амбасадори на ЕУ од 145 делегации и канцеларии на ЕУ ширум светот, како и шефови на воени и цивилни мисии на ЕУ и шефови на претставништва на Европската комисија од сите 27 земји-членки.

На седниците се разговара за надворешната политика на ЕУ во новата геополитичка ера, иднината на безбедноста и одбраната на ЕУ, проширувањето и комплетирањето на Унијата, Глобалната порта на ЕУ, одговорот на ЕУ на кризи, подемот на Кина, борбата против климатските промени и зелената транзиција…

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More