Home » Вардар се раздели со уште тројца фудбалери

Вардар се раздели со уште тројца фудбалери

by Журнал

Откако во вторникот ја прекина соработката со Владимир Жоглев, во последните 24 часа Вардар се раздели со уште тројца фудбалери.

Дел од „црвено-црниот“ табор повеќе не се Христијан Вецески, Љутфи Биљали и Лука Трајкоски. Биљали дојде во Вардар во пресрет на оваа сезона, но одигра само пет натпревари од кои еден како стартер и не успеа да постигне гол. И Трајкоски дојде во текот на летото како слободен играч од Победа и беше стандарден до десеттото коло кога се повреди и до крајот на полусезоната не заигра.

Дефанзивецот Вецески дојде во 2022 година од Пелистер и сезонава одигра 11 меча од кои најголем дел како стартер.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More