Home » Ванковска: Наводните 25.000 граѓани кои се потпишаа за претседателска кандидатура за Силјановска Давкова завршија на буниште

Ванковска: Наводните 25.000 граѓани кои се потпишаа за претседателска кандидатура за Силјановска Давкова завршија на буниште

by Журнал.мк

Досега чекав официјален став од ВМРО-ДПМНЕ, па не реагирав. Таков нема досега, нема демант ниту од кандидатката, а медиумите ја пренесуваат веста дека кандидатурата на проф. Силјановска е само со потписите на пратениците, а се повикуваат на извори во ДИК, објави професорката Билјана Ванковска.

„Штета што прочка помина, зошто сега ќе мораа да бараат прошка од оние наводни 25.000 граѓани кои се потпишуваа за претседателска кандидатура, а чии потписи завршија на буниште. Не разбирам како е можно „голема“ и „народна“ партија да си дозволи луксуз од процесот на собирање потписи да направи шоу за еден ден, да натера луѓе да чекаат дисциплинирано во редици пред канцеларии на ДИК или кај нотари… Чуму? Како е можно она што беше опишано како „човечки и граѓански пркос“ и давање легитимација одеднаш да стане неважна дребулија во процесот на кандидирање зад кој сега наводно стојат само пратенички потписи? Велам наводно, бидејќи уште сакам да верувам дека она на 3 март не бил само обичен политички блеф и спектакл“ напиша Ванковска.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk