Непознато лице со употреба на сила украло спомен-плоча од Споменикот на култура, кој е посветен на македонците од Егејскиот дел на Македонија, во паркот „Жена борец“ во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот е пријавен во СВР Скопје, а надлежните служби веднаш започнале со истрага за расчистување на случајот и откривање на сторителот.
Спомен-плочата е дел од меморијалната поставка, која има за цел да го одбележи сеќавањето на прогонетите и иселените македонци од Егејска Македонија и е сметана за културно наследство со значително историско значење.
Додека МВР не дава дополнителни информации за моментот на кражбата, тие потврдуваат дека истрагата продолжува.