53
Вандали каменувале училиште во Битола.
Непознати сторители оштетиле интерактивна табла во Основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола, откако фрлиле тврд предмет преку прозорецот во една од училниците. За настанот информираше наставникот по германски јазик, Димитар Пипилевски. Кажа дека оваа табла била една од ретките во државата.