Руд ван Нистелрој нема да биде дел од Манчестер Јунајтед под водството на новиот тренер Рубен Аморим. Тој веќе ја презеде екипата, а Холанѓанецот денеска емотивно се збогуваше од „Олд Трафорд“.
Холандскиот голгетер беше играч, тренер и менаџер на тимот на Манчестер, и кога се чинеше дека ќе остане дел од клубот, сепак, Аморим му се заблагодари и покрај тоа што фановите бараа негово останување.
„До сите во фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, особено до персоналот, играчите и навивачите. Сакам да ви се заблагодарам од се срце за вашите неверојатни напори и поддршка. Беше привилегија и чест да го претставувам клубот како играч, тренер и менаџер, и секогаш ќе ги негувам спомените што ги споделивме заедно. Манчестер Јунајтед секогаш ќе има посебно место во моето срце, и се надевам дека наскоро ќе има уште многу славни денови на Олд Трафорд – не само затоа што сакам клубот да работи добро, туку затоа што сите вие го заслужувате тоа!“, напиша Ван Нистелрој.