Home » Валенсија се враќа на фудбалот, ќе игра во посебни дресови

Валенсија се враќа на фудбалот, ќе игра во посебни дресови

by Lina Muslija

Фудбалскиот клуб Валенсија се враќа на терените по страшните поплави кои го зафатија регионот и однесоа 200 животи.

Екипата која ја води Рубен Бараха последен пат играше на 27 октомври против Хетафе, а оттогаш направи пауза. По репрезентативната пауза следниот викенд се враќаат на терените, ќе гостуваат кај екипата на Бетис во натпревар од Примера.

За овој натпревар Валенсија направи посебни дресови кои ќе бидат во црна боја, посветени на трагедијата.

Исто така ќе биде организирана и хуманитарна акција преку аукциска продажба на дресовите од натпреварот, а парите ќе бидат насочени на организацијата за помош на деца од овој регион.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk