Home » Вакцината против рак на кожата го намали ризикот од смртност – лекарите задоволни од резултатите

Вакцината против рак на кожата го намали ризикот од смртност – лекарите задоволни од резултатите

by Журнал.мк

Првата персонализирана мРНК-вакцина против рак на кожата во светот го преполови ризикот од смрт на пациенти или враќање на болеста.

Резултатите на Светскиот фонд за истражување на ракот за 2020 година покажуваат дека меланомот погодува повеќе од 150.000 луѓе годишно во светот. Сепак, првата персонализирана мРНК-вакцина против рак на кожата во светот го намали за половина ризикот од смрт на пациенти или болеста да се врати.

Пациентите што ја примиле вакцината, по отстранувањето на меланомот во стадиум 3 или 4, имале 49 отсто помал ризик од смрт или враќање на болеста по три години, покажуваат податоците презентирани на најголемата светска конференција за рак.

Примарниот истражувач на студијата, онкологот Џорџина Лонг, рече дека просечниот ризик од повторување по операцијата за групата пациенти со напреднат карцином е 50 проценти.

„Охрабрени сме од последните резултати. Овие наоди ја зајакнуваат нашата посветеност за унапредување на овој иновативен третман“, рече Кајл Холен, шеф на развој, терапија и онкологија во „Модерна“.

Позната како mRNA-4157 (V940), вакцината е специјално направена за секој пациент и му кажува на телото да ги убие сите преостанати клетки на ракот и да го спречи враќањето на болеста.

За време на операцијата на пациентот се отстранува примерок од тумор, по што следува секвенционирање на ДНК и употреба на вештачка интелигенција.

Професорот Чарлс Свантон, главен за истражување на ракот во Велика Британија, рече дека резултатите од испитувањето за меланом биле исклучително импресивни.

Илјадници пациенти во Англија бргу се вклучени во испитувањата на персонализирана вакцина против ракот во револуционерна, прва во светот, шема за „договори“ за спасување животи на NHS, пренесува „Кликс.ба“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More