Home » Вакциналниот пункт во Гостивар ќе работи во две смени и во сабота

Вакциналниот пункт во Гостивар ќе работи во две смени и во сабота

by Журнал

По препораките на здравствените власти поврзани со состојбата и ширење на големата кашлица (пертусис), службата за вакцинација во Здравствен дом Гостивар почна да работи во две смени и во сабота. Оваа мерка треба да овозможи вакцинирање на децата кои не ги примиле потребните дози со вакцината ДиТеПер (дифтерија, тетанус, пертусис).

Деновиве има зголемен интерес и родителите кои го проверуваат вакциналниот статус и ги носат децата за да се вакцинираат, потврдува д-р Дафина Богданоска од гостиварската служба за вакцинација. Една до причините, вели таа е и појавата на болеста во гостиварско.

Таа потврди дека се регистрирани два случаи, две иполмесечно бебе кое не е вакцинирано и четиригодишно дете кое примило вакцина. Двете деца се лекуваат на скопските клиники.

– Една од причините за појава на болеста е недоволниот опфат со вакцинирање и тој е во опаѓање. Тој се движи околу 87 проценти, а со бустер дозата тој е под 75 проценти. Пропуштањето на вакцинирањето е најверојатно и заради избегнување на вакцинирање со „мрп“ вакцината. За да излеземе во пресрет на зголемениот интерес и да го зголемиме опфатот, нашата служба ќе работи со продолжено работно време, вели д-р Дафина Богданоска од службата за вакцинирање во Здравствен дом Гостивар.

Вакциналниот пункт во Гостивар ќе биде отворен од денес (сабота), а од понеделник во работните денови ќе се работи во две смени.

Болеста голема кашлица (пертусис) во гостиварско не била регистрирана во последниве три децении.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk