Home » ​ Вака изгледаше Амал Клуни пред бракот со познатиот холивудски заводник!

​ Вака изгледаше Амал Клуни пред бракот со познатиот холивудски заводник!

by Lina Muslija

Интелигенцијата и привлечноста на Амал Клуни никогаш не биле доведени во прашање. Пред да му стане партнерка на познатиот актер Џорџ Клуни, таа веќе беше препознатлива. Како адвокат работи од 2000-тите, а првпат во фокусот на јавноста се најде во 2013 година кога почнаа да кружат гласини за нејзината врска со Џорџ Клуни. Таа се омажи за актерот во 2014 година, а парот се запознал една година претходно во неговата куќа на езерото Комо.

Британската адвокатка, главно, го задржа традиционалниот стил на убавина откако влезе во Холивуд. Амал користи светли бои за усните и козметика која изгледа природно на нејзините очи за да ја истакне нејзината долга коса и прекрасните темни црти на лицето.

Дали имала пластични операции?

Според познатиот њујоршки хирург д-р Леонард Гросман, Амал Клуни примила ботокс инјекции, го затегнала лицето, ги оперирала очните капаци, користи филери и го оперирала носот. Амал Клуни, според него, наводно посегнала по пластичната хирургија за да го постигне сегашниот изглед.

Таа решила да го разубави лицето бидејќи смета дека е важно да се изгледа добро пред камерата. Нејзиниот изглед во последните години претрпе драматични промени. Наводно, таа била подложена на бројни процедури за разубавување и се соочила со последиците од стареењето, пишуваат неколку таблоиди и експерти.

Се смета дека таа прилично се променила откако се омажила за Џорџ Клуни. Со оглед што таа е силна жена и е во центарот на вниманието, воопшто не изненадува доколку Амал посегнала по пластичните операции. Д-р Леонард Гросман, д-р по медицина и талентиран пластичен хирург во Њујорк со долгогодишно искуство, за медиумите изјавил дека можно е таа да примила ботокс инјекции.

Се чини дека старее наназад. Нејзиното лице е без брчки што веројатно е резултат на ботокс. Исто така, уште една значајна промена е тоа што претходно имаше потенки усни, а сега тие се пополни.

Сепак, Амал Клуни никогаш не ја загрижувало што мислат другите луѓе за неа.

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk