Home » Ужасна трагедија: Милојевиќ не ја доби последната битка – почина од срцев удар!

Ужасна трагедија: Милојевиќ не ја доби последната битка – почина од срцев удар!

by Журнал

Еден од најдоминантните српски центри последниве две децении и феноменален тренер, Дејан Милојевиќ (46 години), почина вечерва во САД, откако ја загуби најважната битка по претрпениот срцев удар.

Станува збор за поранешен европски шампион со СЦГ, троен МВП во АБА-лигата и двоен најдобар стрелец во регионалното натпреварување, во кое настапуваше со екипите на ФМП, Будуќност и на Партизан. Тренерската кариера ја почна во 2012 година во Мега баскет, каде што остана во следните осум години, период во кој од овој тим излегоа „милион“ фантастични кошаркари кои завршија во НБА, меѓу кои е и Никола Јокиќ.

Од 2021 година до смртта работеше како асистент во стручниот штаб на Голден стејт вориорс, со кој дојде до НБА титулата пред две години.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More