Home » Ужас во Србија: Татко ги подведувал своите ќерки, ги снимал со мажи па ги продавал снимките

Ужас во Србија: Татко ги подведувал своите ќерки, ги снимал со мажи па ги продавал снимките

by Журнал

Маж и жена од Србија се уапсени под сомнение дека сториле кривични дела против сексуалната слобода на штета на неговите малолетни ќерки од претходните бракови. Основното јавно обвинителство и полицијата сега имаат тешка задача да утврдат дали некој од нив ги принудувал ќерките на проституција.

Се работи за жител на Крушевац и неговата емотивна партнерка, а децата се од негови претходни бракови.

Случајот е во фаза на преземање доказни дејствија, а се проверува дали сториле некое од кривичните дела: недозволени полови дејствија, дистрибуција на порнографски материјал или сексуална експлоатација.

Случајот е исклучително сложен, пред се поради семејните врски меѓу осомничениот и наводните жртви.

– Обвинувањата се страшни и се уште не се целосно дефинирани. За работите да бидат уште пострашни, станува збор за ќерките на уапсените. Освен да се провери дали некој од нив е макро, треба да се утврди и дали можеби ги снимал додека наводно биле со мажи и ги дистрибуирал тие снимки. Засега интензивно се истражуваат сите околности за извршување на неколку наводни кривични дела – вели соговорник близок до истрагата.

Како што е познато, постапката е поведена кога едно од девојчињата ѝ се доверила на мајка си, поранешната сопруга на осомничениот, која целиот случај го пријавила во полиција. По тоа се огласила и уште една од ќерките на осомничениот, но од друг брак.

Во меѓувреме, полицијата почна да ја проверува автентичноста на сите изјави, се сослушуваат сведоци, а ќе се вршат и дополнителни вештачења, не само психолошко-психијатриски, туку ќе се проверуваат и мобилните телефони и целата комуникација од социјалните платформи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More