Home » Увидот треба да покаже од што се затруле две работнички во Штип

Увидот треба да покаже од што се затруле две работнички во Штип

by Журнал

Две жени на 52 годишна возраст најверојатно се затруле со плин во кујна во Штип. Тие најпрвин биле примени во штипската Клиничка болница, а потоа и препратени во Клиниката за Токсикологија при Клиничкиот центар “Мајка Тереза” во Скопје.

Две жени на 52 годишна возраст со возило на ИМП се донесени во ЈЗУ Клиничка Болница-Штип, по претходно труење со плин од плинска боца. Пациентите се прегледани во Дежурна амбуланта и примени на Оддел за интензивна нега.

Од токсикологија, пак за тв 24 брифираат дека жените се надвор од животна опасност, компактибилни и стабилни, но и дека знаци на труење нема. За што всушност станува збор и дали навистина имало труење со плин, треба да покаже увидот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More