Home » Утрово гори на 13 локации

Утрово гори на 13 локации

by Журнал.мк

Во текот на вчерашниот ден во Македонија имаше имаше вкупно 48 пожари на отворен простор, од кои во моментов 13 се активни, осум се под контрола, а 27 се изгаснати, информираат утрово од Центарот за управување со кризи – ЦУК.

Според утринскиот билтен на ЦУК активни се следните пожари на отворен простор.

1. Општина Македонски Брод: Јасен – викенд населба Белица (борова шума);

2. Општина Ресен и Општина Охрид: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (нискостеблеста вегетација и букова шума);

3. Општина Долнени 1: с.Дебреште, крак кон с.Зрзе, како и крак кон с.Крапа, Општина Македонски Брод (нискостеблеста деградирана шума, сува трева);

4. Општина Новаци: с.Полог – Брник –Рапеш (ниска вегетација, деградирана шума);

5. Општина Кичево 1: с.Цер, планина Лубен, проширен е кон селата Брезово и Зашле, Општина Демир Хисар (нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација);

6. Општина Кичево 2: с.Патеец – с.Козичино, проширен кон с.Дупјани (борова и букова шума);

7. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);

8. Општина Македонски Брод 2: с.Девич м.в.Вртешка (мешана шума);

9. Општина Дебар: с.Гари на планина Стогово (мешана шума);

10. Општина Чашка: с.Мокрени (нискостеблеста дабова шума);

11. Општина Маврово -Ростуше 1: с.Врбен (мешана шума);

12. Општина Маврово – Ростуше 2: врв Кораб (нискостеблеста вегетација) –префрлен од Албанија;

13. Општина Долнени 2: с.Небрегово (3 ТППЕ) (нискостеблеста шума) –префрлен од Општина Чашка од планина Мукус.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More