Во целата држава утринава температурите се под нула. Најстудено е во Берово каде се измерени -12 степени.
Во Петровец во близина на Скопје, Крива Паланка, Битола и Демир Капија измерени се -9 степени, во Штип, Тетово, Прилеп, Струмица и Гевгелија -8, на Зајчев Рид – Скопје и Куманово -7, во Охрид, Виница и Претор -5, во Маврово и Дојран -4, во Крушево -3 и на Попова Шапка -2 степена.
За денеска се најавува сончево време со мала локална облачност, а кон крајот на денот во западните делови облачноста ќе се зголемува. Веќе во текот на ноќта ќе има локални врнежи од снег во западните и северните делови од државата. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени. Во Скопје слично време со максимална температури до 6 степени.