Од Државниот испитен центар очекуваат да проработи свеста кај матурантите и кај тестаторите. Едните сериозно да го сфатат последиците од препишувањето, а другите да ги зајакнат контролите за да не се повтори ланското сценарио каде беа откриени 3.000 ученици како прават препис на тестот по англиски.
Институциите завршија со координација. Дел од мерките и паѓање на матурскиот испит и поголема контрола на социјалните мрежи, во случај да не се појави нова вибер група, но овој пат со тестот по англиски.
Државната матура треба да претрпи реформа, препишувањето е резултат на застарениот модел, сметаат од Младинскиот образовен форум, според кој, виновни за масовното препишување се и младите но и тестаторите кои го дозволиле тоа.
Резултатите од тестирањето ќе бидат објавени на 8-ми јули, за кога ќе се знае, кој матурант ја паднал матурата.