Home » Утре премиера на „Безвременски прикаски“

Утре премиера на „Безвременски прикаски“

by Журнал.мк

Во кореографија и режија на Ирена Лозинска, премиерата на проектот „Безвременски прикаски“ ќе се одржи на утре во Младинскиот Културен Центар- MKЦ, во просториите на Кино Фросина, со почеток во 21:30 часот.

„Безвременски прикаски“ е претстава со карактер на музичко-сценски и танцов перформанс, која опфаќа седум раскази на познатиот писател Франц Кафка. Четирите учесници-актери преку танцови форми и техники ги оживуваат прикаските на Кафка, додека Енес Беговски – авторот на музиката за претставата, со својот Ханг (ударен музички инструмент), ја дополнува атмосферата со живи музички ефекти. За визуелните ефекти е задолжен Видео Арт, кој преку видео бим ќе создаде дополнителна сценска магија.

Претставата трае 45 минути и нуди уникатна можност за актери да се изразат преку иновативни танцови форми и да ја искористат својата способност за импровизација.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk