Home » Утре почнува Песна на Евровизија во Малме Шведска

Утре почнува Песна на Евровизија во Малме Шведска

by Журнал.мк

Овогодинашниот Избор за песна на Евровизија беше официјално отворен во шведскиот град Малме, каде претставници на 37 земји прошетаа по „тиркизниот тепих“ во услови на засилени безбедносни мерки и повици за бојкот поради учеството на Израел.

долго време се шпекулираше дека на отворањето нема да има израелска делегација, а синоќа се покажа дека оваа вест е точна. Отсуствуваа пејачката Еден Голан и нејзиниот тим, а причината беше поради потенцијални закани и напади. Безбедносните служби не сакале да ризикуваат, па во договор со делегацијата на Израел нашле изнудено решение.

Исто така, една од наведените причини е фактот дека се слави Денот на сеќавањето на холокаустот, и затоа ниту една церемонија која вклучуваше славење не доаѓаше во предвид.

Од земјите од регионот, учество потврдиле Албанија, Хрватска, Грција, Србија и Словенија.

Македонска делегација на Изборот за песна за Евровизија 2023 година во Ливерпул, немаше поради, како што информира тогаш Македонската Радио Телевизија, зголемената котизација за учество и зголемените трошоци од енергетската криза. Последниот настап на Евровизија на земјава беше во 2022 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More