ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека во среда (23.10.2024 год), поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација (кои ќе работат од 8 до 14 часот) на:
– Транспортен центар
– Ѓорче Петров
– Зелен пазар
Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.