Home » Утре ќе бидат познати мерките што ќе се преземат за ОУ „7 Март“ во Челопек

Утре ќе бидат познати мерките што ќе се преземат за ОУ „7 Март“ во Челопек

by Журнал.мк

Утре ќе се знае какви мерки ќе се преземат за ОУ „7 Март“ во тетовски Челопек, каде од Државен просветен инспекторат денеска направија вонреден надзор, барајќи одговорност за организирањето училишна приредба во која учествуваат ученици облечени во воени униформи со амблеми на УЧК и со пушки во рацете.

Овој настан се случил на 28 ноември кога албанската заедница го одбележува Денот на знамето, а Инспекторатот денеска изврши вонреден надзор во основното училиште „7 Март“.

-Уште не е составен записникот, верувам дека до утре најдоцна ќе биде готов и ќе се постапи согласно закон. Ќе има мерки, ама чекаме да заврши надзорот, изјави за МИА директорот на Инспекторатот, Шабан Алајбегу.

И Општина Брвеница има побарано одговори од училиштето по настанот.

-Ние зедовме изјава од директорот за настанот. Понатака ќе ја почитуваме одлуката на Инспекторатот, изјави градоначалникот Јовица Илиевски.

За настанот вчера реагираше и министерката за образование и наука Весна Јаневска која на Фејсбук напиша дека е „длабоко разочарана и вознемирена“ од одлуката на раководството и наставниците во ОУ „7 Март“ во Челопек да ја организираат приредбата, но и од одобрувањето на родителите на учениците „кои ракоплескаа на сето тоа“.

Министерката денеска, при посетата на Штип, за медиумите изјави дека покрај за ОУ „7 Март“ во Челопек, МОН има докази и слики со пријави за вакви настани и во две училишта во Тетово и во училишта во Чаир и Струга, и дека ќе инспекција ќе има и за тие случаи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk