Home » Уставниот суд одлучи да започне постапка за законските одредби за балансерот

Уставниот суд одлучи да започне постапка за законските одредби за балансерот

by Журнал.мк

Уставниот суд одлучи да поведе постапка и да отвори предмет за иницијативата со која се оспоруваат одредбите за правична етничка застапеност во институциите.

Постапката ќе опфати проверка на уставноста на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Уредбата за задолжителни елементи на јавните тендери и Методологијата на планирање на вработувањето во јавниот сектор во согласност со принципот на адекватна и правична застапеност.

Одлуката е донесена по долга расправа меѓу уставните судии, кои имаа различни ставови. Во дискусиите против се изјаснија тројцата судии Осман Кадриу, Насер Ајдари и Фатмир Скендер, додека другите судии делумно ја оспорија иницијативата велејќи дека на Собранието треба да му се даде простор да најде друг механизам за почитување на уставните норми за правична етничка застапеност.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk