Home » Уставниот суд на Еквадор ја декриминализираше евтаназијата

Уставниот суд на Еквадор ја декриминализираше евтаназијата

by Журнал

Еквадор стана втората земја во Латинска Америка, по Колумбија, која ја декриминализира евтаназијата. Уставниот суд на оваа земја гласаше седум спрема два за да им се дозволи на лекарите да им помагаат на пациентите да умрат, јавува Би-Би-Си.

Судот соопшти дека кривичното дело убиство повеќе нема да важи за медицинските лица кои работат на зачувување на правото на достоинствен живот.

Тужбата ја поднесе Паола Ролдан, која боледува од невролошката болест амиотрофична латерална склероза, позната како АЛС. Предлог-законот за евтаназија сега ќе треба да биде изготвен и одобрен од Конгресот, процес кој може да потрае многу месеци, но адвокатите на Ролдан велат дека пресудата е „веднаш применлива“.

Ролдан, која е врзана за кревет поради болест, пред судот во ноември изјави дека чувствува болка, осаменост и суровост и дека сака да почива во мир.

Римокатоличката црква, на која припаѓаат мнозинството Еквадорци, останува цврсто против евтаназијата. Колумбија ја декриминализираше евтаназијата во 1997 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More