Home » Уставен потврди, каматите не смеат да го надминат долгот

Уставен потврди, каматите не смеат да го надминат долгот

by Журнал

Законот за облигациони односи е уставен, одлучи судот. Наводите на 15-тина подносители, меѓу кои Банкарската Асоцијација, телекомуникациските оператори, стопанските комори, ЕВН, Водовод, Комора на извршители, граѓани и адвокати, кои сметаа дека должниците со овој закон се ставени во порамноравна положба од доверителите, Уставниот суд оцени дека се неосновани.

Исто така, Уставен смета дека законот не е ретроактивен.

– Судот смета дека оспорениот член 4 од Законот за облигациони односи нема повратно дејство, односно ретроактивност, бидејќи се однесува на постапки кои се уште траат, не се завршени, а не и на оние постапки кои пред влегувањето во сила на законот завршиле. Меѓу другото, Судот оцени дека не е повреден принципот на поделба на власта, како што се тврди во иницијативите- изјави Христина Беловска, портпарол на Уставен суд.

Во Законот за облигациони односи, кој го усвои Собранието, предвидено е каматите кои должниците ги должат да не смеат да ја надминат сумата на главниот долг, односно да не бидат повисоки од главницата. Во одредени случаи токму каматите кои граѓаните ги плаќаа беа неколкукратно повисоки од сумата која ја должеа. Со новиот закон, каматите престануваат да течат откако ќе го достигнат долгот.

Исто така рокот од десет години за наплата на долгот се скрати на пет.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More