38
Скопјанецот Богољуб Митов кој исчезна од својот дом во населбата „Ченто“ на 27-ми октомври, сè уште не е најден. Митов страда од деменција, а во моментот на исчезнување носел сив чемпер и влечки. Нема со себе документи ниту мобилен телефон.
Неговото семејство апелира до јавноста за помош во потрагата.
Неговото исчезнување е пријавено во полиција.