Home » Уште пет града дознаа што им го загадува воздухот – што ќе преземат градоначалниците

Уште пет града дознаа што им го загадува воздухот – што ќе преземат градоначалниците

by Журнал.мк

По цела година земање мостри и мерења, сега се знае што го загадува воздухот во Куманово, Кавадарци, Гостивар, Струмица и Струга. И тоа за секој месец посебно.

Има разлики од општина до општина кој е најголемиот загадувач, што значи и дека локалните власти ќе треба да преземат различни мерки ако сакаат да го подобрат квалитетот на воздухот

На настан во скопски хотел, владини претставници и странски делегации беа првите што ги слушнаа резултатите од едногодишното домашно истражување за загадувањето на воздухот во пет поголеми градови во земјава – Куманово, Кавадарци, Гостивар, Струмица и Струга.

Изет Меџити, министер за животна средина и (втора одлево) Сања Божиновска, министерка за енергетика
„Министерството за животна средина и просторно планирање ќе продолжи да се залага за спроведување на мерките за подобрување на квалитетот на воздухот и ќе соработува со сите релевантни фактори за да ја постигнеме нашата заедничка цел за подобар квалитет на воздухот и здрава животна средина за идните генерации“, вели вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити.

Не е првпат министер да ги кажува овие зборови. Ниту, пак, оценката дека на земјава не ѝ оди лесно во оваа борба.

„Аерозагадувањето е значаен предизвик во оваа земја што има влијание врз многу граѓани кои живеат во областите со слаб квалитет на воздухот“, кажа постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан.

Но, од оваа зима, освен за Скопје, се знае кои се изворите на загадувањето на воздухот и во петте споменати града. Тоа е една шанса повеќе за централните и локалните власти конечно да мрднат од „мртва точка“.

Како се мери – што го загадува воздухот

На влезот на Штип кога се доаѓа од Скопје, од десна страна, во објект затскриен од високата вегетација, се наоѓа научно-истражувачкиот центар „Амбикон“. Работи во склоп на Универзитетот „Гоце Делчев“. Во лабораториите сместени на горниот кат, тим од професори и лаборанти, секој ден во изминатава година, испитувале и мереле примероци добиени од филтри поставени во пет општини во земјава – Куманово, Кавадарци, Гостивар, Струмица и Струга.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk