Home » Уште едно дете прегазено на „Улицата на хоророт“ во Аеродром – најголемиот инженерски „кикс“ во Скопје

Уште едно дете прегазено на „Улицата на хоророт“ во Аеродром – најголемиот инженерски „кикс“ во Скопје

by Журнал.мк

Уште еден малолетник настрада на скопските улици. Имено возило удрило во малолетник на крстосницата од ул.„Васко Карангелевски“ и сервисна улица која ги поврзува ул.„Васко Карангелевски“ со ул.„Коста Новаковиќ“ во скопски Аеродром – локација која се смета за „црна точка“ во сообраќајот.

– Во петокот во 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васко Карангелевски“ и сервисна улица која ги поврзува ул.„Васко Карангелевски“ со ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(42) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, известија од полицијата во дневниот билтен.

Скопјанецот Марјан Лазаревски вината ја лоцира во Град Скопје. Тој и претходно алармираше за ризикот за пешаците-ученици во овој дел на Скопје, каде има училиште во непосредна близина.

– Град Скопје, фала ти што ни го подари генијалното сообраќајно решение Бул. Васко Карангелески и го смести пред основно училиште. Благодарение на најголемиот инженерски кикс кој го памети Скопје. Оваа улица, популарно позната помеѓу аеродромци како „Улица на хоророт“ веќе е рекордер во сообраќајни незгоди. Уште едно дете со ТЕШКИ ПОВРЕДИ заврши во болница, а институциите спијат. Што повеќе треба да се случи за да се разбудат институциите? – праша тој на својот фејсбук профил.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk