Home » Уште еден светски првак од 2014 ја заврши кариерата на 31 година

Уште еден светски првак од 2014 ја заврши кариерата на 31 година

by Журнал

Уште еден германски репрезентативец, светски првак од 2014 година во Бразил, млад ја завршува кариерата. Станува збор за бекот Ерик Дурм кој му кажа збогум на фудбалот после честите повреди и нарушено здравје во последно време.

Дурм најблескавите моменти ги доживеа играјќи во Борусија Дортмунд, со кого ја освои два пати титулата во Германија, Купот и и беше дел од тимот кој играше во финалето во Лигата на шампионите во 2013 година. Меѓутоа Дурм потоа доживеа пат на кариерата, па преку Ајнтрахт, беше актуелен играч на Кајзерслаутерн. За германската селекција има седум настапи.

Интересно е што ова е уште еден играч од таа златна генерација кој предвреме ја заврши кариерата. Претходно крај кажа и Андре Шурле, кој ја прекина кариерата на 28 години. Кевин Гроскројц на 30 години практично објави дека се пензионира, а од тогаш до сега игра само во аматерските лиги на Германија. Шкодран Мустафи е веќе една година без клуб, и на 31 година е на добар пат да стави крај на кариерата.

Од таа екипа кариерите ги завршија и Бенедикт Хеведес, Бастијан Швајнштајгер, Месут Озил, Мирослав Клосе, Филип Лам, Пер Мертезакер и Роман Вајденфелер, додека повеќе во националниот тим на Германија ги нема Боатенг, Крамер, Дракслер, Роберт-Цилер, Хумелс, Гинтер. Останаа само Нојер и Милер кои и натаму го носат дресот на „елфот“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk