Home » Уште две пациентки со цистична фиброза примија „Трикафта“

Уште две пациентки со цистична фиброза примија „Трикафта“

by Журнал

Во петокот уште две пациентки со цистична фиброза го примија лекот „Трикафта“, информираат од Министерството за здравство. Тие во моментот се наоѓаат на Клиниката за детски болести и нивната здравствена состојба е стабилна.

Во новата година, пациентите со цистична фиброза добиваат подобар квалитет на живот, се вели во објавата на „Фејсбук“.

Според најавите на Министерството, во текот на утрешниот ден, уште на двајца пациенти ќе им биде дадена „Трикафта“, со што бројот на лица кои го примат овој лек ќе се искачи на 16, а во следниот период, најавено е повеќе пациенти етапно да се вклучуваат на терапија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More